Свет
26. September 2022 - 14:52

Русин се самозапалил во знак на протест: „Не сакам да одам во војна“ | ВИДЕО

Маж во Рјазан, град во западна Русија, се самозапалил во знак на протест против мобилизацијата на резервисти за војната во Украина, пренесува „Скај њуз“.

Се наведува дека мажот викал дека не сака да учествува во војната.

Претходно, повеќе од 2.000 луѓе беа уапсени на протестите низ Русија против мобилизацијата. Покрај тоа, на руските граници со соседните земји се формираа долги редици луѓе кои се обидуваат да побегнат од мобилизацијата на резервистите.

Околу 17.000 Руси влегле во Финска само за време на викендот.