Свет
6. November 2015 - 15:53

Русија усвои закон што дава можност за замрзнување странски имот на своја територија

Русија усвои закон што и дава можност да конфискува странски имот на своја територија. Тоа е одговор на изземање на руски имоти во повеќе европски земји, во врска со аферата Јукос.

Законот воведува принцип на заемност - јурисдикциски имунитети на странска држава и на имотот можат да бидат ограничени, ако се утврди дека таа ги ограничува соодветните имунитети на Русија и на рускиот имот.

Законот усвоен на 23 октомври, е во одговор на замрзнувањето руски имот во странство, а стапува во сила од 1 јануари. 

Рускиот имот во странство се замрзнува врз основа на одлуката на арбитражниот суд во Хаг од 2014 година, што ја обврзува Москва да им исплати на акционерите на нафтената компанија Јукос рекордно обештетување од 50 милијарди долари (37 милијарди евра).