Русија успешно тестираше сопствен интернет
Русија заврши серија тестови за проверки дали Интернет-услугата на земјата може да функционира доколку е исклучена од светската мрежа. Тестирањето покажа дека државните агенции и оператори се подготвени да реагираат ефикасно на заканите и да обезбедат дека интернет и комуникациите функционираат ефикасно, соопшти заменикот министер за комуникации, Алексеј Соколов.
Проверката, што траеше неколку дена на специјално дизајнираните мрежи, беше спроведена во согласност со законот за „суверен интернет“ донесен во ноември како одговор на, како што Русија ја нарекува – „агресивна природа“ на американската безбедносна стратегија во доменот на интернетот.
Според законот, државните институции и безбедносните служби, како и сите оператори за комуникации, пораки и електронска пошта, мора да учествуваат во тестирање што не влијае на редовните корисници на интернет.
-Нашата цел беше да обезбедиме непрекината интернет услуга на руска територија под какви било околности, објасни Соколов.
Ново на Сител
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш