Свет
9. April 2018 - 9:07

Русија тврди дека почнала евакуација на бунтовници од Дума

Руската армија соопшти дека се запрени борбите во сирискиот град Дума што е под контрола на бунтовниците и дека конвој автобуси влегол во градот за да евакуира бунтовници и нивни семејства.

Шефот на рускиот Центар за помирување во Сирија, генерал Јуриј Јевтушенко изјави дека руската војска постигнала договор со т.н. „Војска на исламот“ да повлече 8.000 свои борци и околу 40.000 членови на нивни семејства. Според него, конвој од околу 100 автобуси влегол во Дума за да почне евакуација.