-->
-->
Русија трет финалист на Европското кошаркарско првенство
-->
Репрезентацијата на Русија е третата која обезбеди пласман во полуфиналето на Европското кошаркарско првенство чија завршница се игра во Истанбул.
Во првиот денешен натпревар од четвртфиналето Русија ја победи селекцијата на Грција со 74-69 со што се избори за место меѓу четирите најдобри на првенството.
Најефикасен во победничката репрезентација беше Алексеј Швед кој постигна 26, додека Тимофеј Мозгов средбата ја заврши со 17 поени.
Кој ќе биде противник на Русија во полуфиналето закажано за во петок (20:30 часот) ќе се знае вечерва по одигрувањето на последниот четвртфинален меч меѓу Србија и Италија.
Потсетување дека во првото полуфинале кое на програмата е утревечер (20:30 часот) ќе играат актуелниот шампион Шпанија и Словенија, селекции кои досега немаат пораз на првенството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!