Loading Video...
Свет
16. May 2023 - 12:24

Русија со нова ракетна офанзива над Киев

Русија со нова ракетна офанзива. Главна мета и ова утро е Киев. Според послените извештаи на армијата украинската престолнина била гаѓана со 18 проектили истрелани од море, копно и воздух. 

Сите ракети биле соборени од украинската противвоздушна одбрана, инфомираше главниот командант на украинската армија Валери Залужни. Тој тврди дека меѓу соборените ракети дури шест се од типот на Кинџал за кој претходно Украинците немаа одбрана.

Ракетирањата од руска страна доаѓаат во период за кога беше најавена големата офанзива на украинската армија. Во меѓувреме белорускиот претседател Лукашенко, ја стави армијата во состојба на борбена готовност откако по повеќедневни шпкулации околу неговата здравствена состојба и наводен престој во болница се појави во централната команда на воената авијација. Ваквата одлука ја правда соборувањето на четири руски авиони во регионот на Пријанск кој се наоѓа меѓу Белорусија и Украина.

Украинците пак во овие моменти изведуваат големи воени вежби во близина на границата на Белорусија со цел одбивање на вооружен напад од својот сосед кој важи за најдолем сојузник на Русија од почетокот на војната.