-->
-->
Русија: Следниот генерален секретар на ОН треба да биде од Источна Европа
-->
Следниот генерален секретар на ОН, за првпат во историјата на Светската организација, треба да биде претставник на источноевропскиот регион, изјави во интервју за ТАСС рускиот постојан претставник во ОН Виталиј Чуркин.
- Групата на источноевропски земји, во која влегува и Русија, сразмерно не е голема, со 27 или 28 држави. Во азиската група, на пример, има над 50 земји, посочи тој.
Според Чуркин, „веќе има неколку добри источноевропски кандидати“ за највисоката позиција во ОН.
- Сметам дека тоа се многу достонствени луѓе, кои можат да ја предводат организацијата. Меѓу нив има и жена - Ирина Бокова. Според најавите мислам дека ќе се појават и други жени кандидатки. Така што, мислам, дека на крајот сите ќе бидат задоволни, изјави Чуркин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Положување венци во спомен на загинатите бранители кај месноста Карпалак
-
Без струја делови од Гази Баба, Зелениково и Аеродром
-
Откажани концертите на Тејлор Свифт во Виена поради можен терористички напад - Главно осомничен 19 годишен со потекло од Македонија
-
Бугарскиот Парламент забрани „промоција“ на ЛГБТ во училиштата
-
Борел: Израелската влада да се огради од изјавата на Смотрич за блокирање на помошта за Газа
-
Состојба на патиштата
-
Времето денеска сончево и топло, попладне во западните делови пороен дожд и грмежи
-
Србија ја совлада Грција и ја продолжува одбраната на олимписката титула во ватерполо