Русија распоредила нови 180.000 војници во Украина, меѓу нив и група со криминалци, тврди портпарол на украинските сили
Русија распоредила повеќе од 180.000 војници на двата главни источни фронта, изјави Серхи Червати, портпарол на источната група на вооружените сили на Украина.
„Повеќе од 180.000 руски војници се распоредени во областа на одговорност на Источната група сили... Фронтот Лиман-Купјанск е подолг, поради што непријателот ги концентрира силите таму“, рече Червати во интервју за украинските медиуми додавajќи дека во овој момент има „повеќе од 120.000 непријателски војници“ на правецот Лиман-Купјанск.
Тој рече дека тие вклучуваат воздушни и механизирани единици, борбени резервни единици „Барс“, територијални сили и нови трупи за напад „Сторм З“, составени од осудени криминалци.
Червати рече дека на бојното поле во Бахмут има околу 50.000 руски војници. Градовите Лиман и Купјанск се оддалечени околу 100 километри, северно од Бахмут на источниот фронт на Украина.
Ново на Сител
-
Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц
-
Возило удрило две жени во Штип
-
Минута молк на натпреварите во Германија
-
Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит
-
Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш
-
Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени
-
Автомобил излета кај Мавровка, повредени две лица
-
Нови врнежи претежно од снег од понеделник и средина на работната недела