Свет
20. January 2017 - 11:52

Русија работи на ново хиперсонично оружје

Руското Министерство за одбрана разработува ново хиперсонично вооружување, кое ќе се користи со помош на плазма, соопштија руските власти.

- Речиси го усовршивме новото хиперсонично оружје, коешто користи сосема нови материјали и системи за управување, што пак, работат совршено на нов принцип - во плазма. Овие разработки се неопходни во современата армија, заради натпреварот во научно-техничката револуција, изјави рускиот заменик министер за одбрана Јуриј Борисов за весникот „Звезда".
 
Натаму, тој истакнува дека најновите системи на вооружување, пред се, се насочени кон поскоро откривање на противникот и негова побрза елиминација.

Руските власти, исто така, навестуваат и пософистицирано ласерско и електромагнетно вооружување