Loading Video...
Тенис
4. December 2021 - 17:56

Русија противник на Хрватска во финалето на Дејвис Купот

Селекцијата на Русија ќе биде противник на Хрватска во финалето на тенискиот Дејвис куп. 
 
Во вториот полуфинален дуел, Русите веќе ги добија двата меча во сингл конкуренција против Германците, па дуелот во двојки ќе биде само од ревијален карактер. 
 
 
Данил Медведев му прешпушти само четири гема во првиот сет на Штруф додека во фториот беше убедлив со 6-0.. 
 
По четири гема, но во двата сета освои Копфер во мечот против Андреј Рубјев кој Русинот го доби со 2:0. 
 
Така утре во финалето на дејвисовиот куп, чија завршница се игра во Мадрид, за трофејот ќе се борат Рисија и Хрватска која потсетуваме вчера во првата  полуфинална пресметка со 2:1 во победи беше подобра од Србија.