-->
-->
Русија против нови санкции на Иран поради ракетите
-->
Советот за безбедност на Обединетите нации не би требало да воведува нови санкции против Иран поради неодамнешното тестирање на балистички проектили, бидејќи со тие проби не се крши резолуцијата на ОН, изјави денеска рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин.
- Кусиот и јасен одговор е не, рече Чуркин.
САД и Франција соопштија дека доколку биде потврдено дека пробите вклучувале нуклеарни проектили, тоа ќе претставува кршење на резолуцијата на СБ на ОН од јули минатата година.
Иранската Револуционерна гарда истрела на 8 и 9 март неколку балистички ракети во рамки на воените вежби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“