Русија протера десет вработени од американската aмбасада во Москва
На заменик амбасадорот на САД во Москва, Барт Горман, денеска му е врачена нота, со која десет вработени во американската Амбасада се прогласени за „персона нон грата”, се наведува во соопштение на руското Министерство за надворешни работи.
– На 21 април, Барт Горман, заменик шеф на американската дипломатска мисија во Руската Федерација, беше повикан во руското Министерство за надворешни работи да прими нота со која 10 вработени во американската Амбасада во Москва се прогласени за персона нон грата, соопшти руското МНР.
– Оваа мерка е одговор на непријателските активности на американската страна против голем број вработени во руската Амбасада во Вашингтон и рускиот генерален конзулат во Њујорк, кои неоправдано беа прогласени за персона нон грата. Tие мора да ја напуштат територијата на Русија до крајот на денот на 21 мај, додаде руското МНР.
Русија наскоро ќе преземе натамошни чекори како одговор на американските антируски санкции, соопшти Министерството.
– Наскоро ќе следат натамошни чекори во рамки на одговорите на последниот бран нелегални антируски санкции од САД, објавено во изјавата на руското Министерство за надворешни работи на 16 април.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска