Свет
30. January 2020 - 12:38

Русија привремено го прекина издавањето визи за Кинезите

Русија денеска привремено ќе го прекине издавањето визи за кинеските државјани, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Ова е еден од одговорите на Русија на ширењето на новиот коронавирус што се појави во кинескиот град Вухан.

Русија заради коронавирусот ја затвори границата со Кина во пет региони на Далечниот Исток, а ограничен е и железничкиот превоз меѓу двете земји, така што во моментов во функција е само линијата Москва-Пекинг.