Свет
20. October 2016 - 10:52

Русија подготвена да ја продолжи хуманитарната пауза во Алепо

Рускиот претседател Владимир Путин изјави изурината во Берлин дека Москва е подготвена да ја продолжи хуманитарната пауза во сирискиот град Алепо „додека тоа е можно“. 

- Јасно ја изнесовме намерата да ја продолжиме паузата се додека тоа е можно во зависност од моменталната ситуација на теренот и да ги спречиме нашите воздушни напади, рече Путин. 

Тој ова го изјави на прес-конференција по разговорите со францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот канцелар Ангела Меркел во Берлин.