Свет
22. April 2021 - 14:53

Русија почна големи воени важби на Крим, вклучени над 10.000 војници

Русија денеска почна големи воени вежби на Крим под личен надзор на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Повеќе од 10.000 војници и повеќе од 40 воени бродови ќе учествуваат во воени вежби, јавија руските медиуми.

„За време на активната фаза, трупите вежбаат лансирање и одбивање ракети и воздушни напади, користејќи беспилотни летала и крстосувачки ракети, а исто така се борат со тоа оружје од бојно поле и ги користат можностите на бродското ПВО“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Официјалниот Кремљ денеска соопшти дека претседателот Владимир Путин е запознаен со поканата на украинскиот претседател Владимир Зеленски да се состане и да разговара за кризата.