Русија и Украина потпишаа договор за извоз на украинското жито | ФОТО
Русија и Украина денеска потпишаа договор поддржан од Обединетите нации, кој треба да овозможи извоз на милиони тони жито од блокираните пристаништа на Црното Море. Со договорот треба да се избегне заканата од катастрофална глобална криза со храна.
За време на церемонијата на потпишување во Истанбул рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков не седеа на иста маса. Шојгу и Кубраков потпишаа два идентични текста со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, на барање на Украина, која одби да парафира каков било документ со Русија. На церемонијата присуствуваше и претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.
Пред потпишувањето на договорот генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш одржа краток говор.
„Овој договор ќе овозможи извоз на жито од Украина, а ОН ќе работат на обезбедување на неговиот успех. Денеска се појави светлина на надеж во Црно Море“, истакна Гутереш.
Тој додаде дека договорот ќе ги стабилизира глобалните цени на храната.
„Благодарам на Русија и Украина што ги надминаа сите разлики и ги оставија настрана нивните несогласувања, со цел да се отвори патот за иницијатива, која ќе им служи на заедничките интереси на целиот свет“, посочи Гутереш, додавајќи дека „фокусот беше на она што е најважно за светот“.
Договорот е според планот на Обединети нации за да се деблокира извозот на украинско жито преку Црно Море и да ѝ се дозволи на Русија да извезува жито и вештачко ѓубриво. Тоа би можело да ја намали глобалната криза во храна поради што се зголемија цените на житото и други житни култури.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции
-
За викендот дожд и повремено снег
-
Дваесет и пет лица уапсени поради онлајн дистрибуција на детска порнографија генерирана со ВИ, соопшти Европол
-
Жена од Гостивар починала во Струга
-
200 кесички марихуана пронајдени кај малолетник од Скопје | ВИДЕО
-
Димитриеска Кочоска: Немав намера да навредам никого
-
Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите
-
Сообраќајка во Струшко, тешко повредени возачите и еден сопатник