Свет
4. January 2017 - 9:15

Русија и Турција подготвија нов план за уредување на Сирија

Русија и Турција ги активираа напорите за решавање на сирискиот конфликт со стремежот за неодложно запирање на воените дејствија низ целата територија на завојуваната земја.

Подготвен е договор меѓу Дамаск и опозициските групи, чии гаранти може да бидат Москва и Анкара, соопшти турскиот министер за ндворешни работи Мевљут Чавушоглу. Ако заживее примирјето, спротивставените страни ќе можат да прејдат кон следната етапа - политички консултации во Астана за повоениот поредок на Сирија.

На изјавата на Чавушоглу дека се појавила нова шанса за помирување во Сирија и претходеше информација од турската новинска агенција Анадолија, според која Москва и Анкара бараат начини да ја прошират формата на сириското примирје, кое веќе влезе во сила во Алепо.

По договорениот прекин на огнот во источните делови од Алепо и завршеното повлекување на цивилите и опозициските борци, Анкара и Москва усогласија план со кој примирјето ја опфати цела Сирија.

Но и покрај директното приближување на позициите на Москва и на Турција за Сирија, кое се создаде во изминатите неколку седмици, се уште има несогласување по прашања за идното уредување на државата. Според Чавушоглу, сириската опозиција никогаш нема да прифати сирискиот претседател Башар Асад и натаму да остане на власт. - Политичка транзиција со негово учество не е можна, потенцира турскиот министер.

Реакцијата на Русија за мировниот план на Москва и Анкара е попретпазлива. И покрај тоа, прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитри Песков, потврди дека се разгледуваат различните модалитети за евентуален дијалог за сирискиот проблем, предвиден за Астана.

Да потсетиме, се очекува учесниците во конфликтот да преговараат во престолнината на Казахстан во вората половина на јануари. Засега „не се испраќаат покани, но се формира текот и концепцијата на таа средба“, прецизираше минатиот вторник портпаролката на руското министерство за ндворешни работи, Марина Захарова.

По средбата во Астана, учесниците може да се преместат во Женева – специјалниот пратеник за Сирија, Стефан де Мистура планира таму на 8 февруари да бидат обновени меѓусириските преговори.

Иако е се уште рано да се зборува за почеток на нова етапа за уредувањето на Сирија, сепак иницијативата на Москва и Анкара не остана забележана на Запад. Како што изјави портпоаролот на герамнското Министерство за надворешни работи Себстијан Фишер, ако биде постигнато општоприфатено примирје во Сирија, Берлин ќе го поддржи.

- По шест гдини мачнина и беда, кои ги доживеаја луѓето во Сирија со сите преживеани ужаси, тие го зслужуваат тоа примирје, изјави тој, додавајќи и дека независно од составот на учесниците во сирискиот политички процес за уредувањето на земјата, тоа треба да се гради на основа на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

- Ако се поврдат информациите за план усогласен меѓу Русија и Турција, тоа ќе значи дека двете земји почнуваат да играат клучна улога во рестартирањето на мировниот процес во Сирија, објасни за „Комерсант“ Владимир Сотников, висок научен соработник во Институтот за ориенталистика при Руската академија на науките.

Според него, тој договор ќе ги опфаќа договорените обврски постигнати на тристраните средби меѓу министрите за надворешни работи на Русија, Турција и Иран на 20 декември во Москва.

Според Сотников, чекорот кој е демонстриран во Москва со фактот дека земјата преговара за Сирија со Анкара и Техеран, е поостварлив од претходните руско-американски договори.

- Американците покажаа дека немаат којзнае колкава желба во однос на оние сириски опозициски групации кои добиваат од нив ваква или онаква поддршка. Додека Турција и Иран, напротив, можат сосема ефикасно да влијаат врз силите кои се под нивна контрола, потенцира соговорникот на Комерсант.