Русија гради огромен мост што ќе ги поврзува полуостровите Керч и Таман
На Крим во тек се неверојатни градежни работи, каде со бродови се пренесуваат 5.500 тони тешките делови од новиот мост, што ќе ги поврзува полуостровите Керч и Таман.
Комплицираната работа за пренесување на деловите од мостот до потребната дестинација започна во средата, а на одреденото место материјалите треба да пристигнат утре.
Руските власти во моментов го прекинаа бродскиот сообраќај во овој дел на Црното Море, бидејќи инвестицијата за кримскиот мост сега е најголем приоритет.
Деловите долги 45 метри ќе бидат подигнати 35 метри над водата кога експертите ќе ја започнат нивната инсталација.
Деловите ќе бидат подигнати со 12 најмоќни дигалки, кои можат да пренесат 650 тони. Во тоа време на мостот инженерите ќе обезбедат се и полека ќе почнат да го вршат преносот со цел да бидат сигурни дека конструкцијата нема да се оштети.
Кримскиот мост ќе биде долг 19 километри со што ќе стане најдолгиот во Европа. Автопатот со четири ленти и две пруги ќе имаат капацитет да примат 40 илјади возила и 10-на возови дневно. Мостот за сообраќај ќе биде отворен кон крајот на 2018 година, а со целосен капацитет ќе служи дури од 2019.
Ново на Сител
-
Историски аспект на Илинденското востание и Илинденската република
-
121 година од Илинденското востание
-
80 години АСНОМ
-
Чествување на Илинден
-
Филипче: Двата Илиндена не обединуваат
-
Пожарите беснеат низ државата, најкритично на Осоговските планини
-
Пожарникарите се борат со огнот над Косел
-
ОЈО и МВР истражуваат има ли злоупотреба на овластувања во случајот со Косовската претседателка