Свет
23. April 2018 - 9:49

Русија го погоди НАТО во Ахиловата пета - Москва им зададе тежок удар на членовите на Алијансата

Одбивањето на руската авио-компанија „Волга - Дњепар„ да го продолжи договорот со НАТО за расположивоста на авиони за транспорт на тешки воени техники претставува сериозен удар на Русија врз „Ахиловата пета“ на НАТО, пишува германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Бундсевер и вооружените сили на другите држави на НАТО предвидуваат сериозни ограничувања на своите борбени можности поради таа одлука.

Воената авијација на Германија нема стратешки транспортни авиони кои можат да превезуваат таков товар. Дури ни новиот А400М кој почнале да го користат не е предвиден за превоз на товар со големи димензии.

Ако „Волга-Дњепар“ не го продолжи договорот со Алијансата, НАТО вкулучувајќи ги Бундсевер, од наредна година ќе мораат да бараат нов транспорт за својот тежок товар. Во Германија сметаат дека тоа е одговор на Русија за санкциите на ЕУ и САД.