Свет
9. May 2022 - 12:30

Русија го одбележа Денот на победата

Русија беше принудена да ја нападне Украина откако НАТО не и остави друг избор. Акцвијата беше навремена, порача рускиот претседател Владимир Путин на денешната парада по повод одбележувањето на Денот на победата во Москва во екот на воената операција на неговата земја во Украина. Тој истакна и дека Русија ги повикувала западните земји на компромис но тие не сакале да слушаат, бидејќи како што рече кроеле планови крвнички да го уништат Донбаск и да ја нападнат Русија. 

Традиционалната воена парада на Црвениот плоштад ја одбележаа дест илјади војници и оклопни возила.

Украина ќе победи во војната со Русија и нема да отстапи ниту една територија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски обраќајќи се на прославата на денот на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна. 

Украинскиот претседател Зеленски изрази благодарност до земјите од групата Г7 кои ветија засилена изолација на руската економија.