Руси и Чеси ја шпионирале воената вежба на НАТО во Албанија
Албанското обвинителство отворило истрага против двајца руски и петмина чешки државјани за шпионажа на воените вежби на НАТО „Дифендер Јуроп“, пренесува порталот „Албаниан дејли њуз“.
Покрената е истрага против руските државјани Георги Буданов и Владислав Черкасов, кои биле во Албанија за време на воените вежби на НАТО во мај-јуни. Според албанската полиција, тие собирале тајни информациите.
Порталот пренесува дека претходно обвинителството и наложило на полицијата тајно да го надгледува хотелот во Тирана за да утврди со кого се среќаваат руските државјани.
Чешки граѓани, кои, исто така, се обвинети за шпионажа, во Албанија влегле на 1 мај, пред да почнат вежбите на НАТО и во земјата минале десет дена.
Чесите, наводно, го привлекле вниманието на албанските власти откако со изнајмено возило ја обиколиле областа околу воените бази. Исто така, постои сомневање дека тие фотографирале војници на НАТО кои учествуваат во вежбите.
Русија се уште не ја искоментирала веста за апсењето на нивните државјани заради шпионажа.
Ново на Сител
-
Андоновска: Четворица вработени од Зоолошката градина ќе бидат ставени под здравствен надзор, а еден од нив утре ќе биде тестиран за птичји грип
-
Утре нова промена на цените на горивата
-
За неколку минути од Либан лансирани приближно 70 проектили кон Израел
-
Третпат снема струја на Куба
-
АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури
-
Тешка сообраќајна несреќа во Охрид: Младо момче тешко повредено
-
На ГП Деве Баир лишен од слобода турски државјанин, покажал две фалсификувани зелени карти
-
Прекинато водоснабдување во делови на Центар