-->
-->
Румениге „контра“ Реал
-->
Иако мина повеќе од еден месец од контроверзниот четвртфинален реванш помеѓу Реал и Баерн, во Минхен сè уште се лути на начинот на кој беа елиминирани.
Унгарските судии, предводени од Виктор Кашаи, со својата лоша арбитража, влијаеа врз конечниот победник.
Реал потоа преку градскиот ривал избори финале, каде за противник ќе го има Јувентус. Финалето се игра наредната сабота во Кардиф.
Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, во пресрет на големото финале, повторно се присети на несреќната ноќ во Мадрид и судијата Кашаи.
„Во Кардиф ќе мора да одам поради службени обврски, но финалето не сакам да го гледам. Преку некои работи не можам да преминам. Она што се случи сè уште боли. Во Мадрид дојдовме во топ форма. Победивме во Дортмунд 4-1 и иако ни се повредија Левандовски и Хумелс, имавме големи шанси“, рекол 61-годишниот Румениге.
„Она што го направи судијата Кашаи го немам видено 40 години. Баерн е измамен, а таа ноќ имаше пет кардинални судиски грешки на штета на Баерн, а во корист на Реал“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд