Румен Радев на 5 мај почнува консултации за нов состав на ЦИК
Бугарскиот претседател Румен Радев планира на 5 мај да ги слушне ставовите на партиите и коалициите претставени во Парламентот и нивните предлози за нов состав на Централната изборна комисија на земјата.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на соопштение од претседателството, јасно е дека Радев ги утврдил правилата за консултации и назначување на нова ЦИК.
Претходно, бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов изјави дека откако Националното собрание утврдило дека ЦИК се именува од претседателот, не ја определил методологијата со која тоа ќе се направи.
Тој истакна дека целта била Централната изборна комисија на Бугарија да се даде во рацете на претседателот. Според него, ЦИК ќе биде назначен од сегашниот претседател на Бугарија Румен Радев, а Националното собрание ќе биде под целосен диктат.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори