Рудари од Пробиштип заминаа во Турција
Екипа на рудари, вработени во рудникот „Булмак 2016“ во Пробиштип заминаа за Турција да помогнат на луѓето кои се погодени од силниот земјотрес во Турција, соопшшти градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.
-Веста за катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија не погоди сите, во вакви моменти ја покажуваме хуманоста и солидарноста на нашите граѓани. Екипа вработени рудари од рудникот „Булмак 2016“, во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, утрово замина за Турција да помогнат на луѓето кои се погодени од силниот земјотрес. Им посакуваме успешно да ја завршат својата хумана мисија, вели Анастасов.
Тој на сите граѓани од Турција и Сирија, им изразува најдлабоко сочувтсво за големите човечки загуби.
-Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1, додаде Анастасов.
Ново на Сител
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25