Рубио планира посета на Западен Балкан
Американскиот државен секретар Марко Рубио планира посета на држави од Западен Балкан, јавија црногорските медиуми пренесувајќи соопштение од средба на министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ кој вчера имал средба со Рубио во Брисел.
Средбата била во првиот ден од министерскиот состанок на НАТО. За време на „кратката, значајна средба“, двајцата размениле мислења за актуелните билатерални и регионални прашања.
- Во разговор со Ибрахимовиќ, Рубио најави дека планира посета на Западен Балкан, при што ќе ја посети и Црна Гора, се вели во соопштението на МНР на Црна Гора.
Ибрахимовиќ ја истакнал важноста од континуиран дијалог и партнерство меѓу Црна Гора и САД, особено во контекст на заедничките безбедносни предизвици.
- Двајцата се согласија дека посетата претставува дополнителна можност за зајакнување на билатералната соработка и потврда на силните сојузнички односи меѓу двете земји, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини