РТС: Отстранета барикада на Мердаре
Барикадата на Мердаре од правец на централна Србија е отстранета и сообраќајот е повторно воспоставен, јави денеска РТС.
Како што се наведува, таа барикада била поставена на оддалеченост од околу еден километар од царинскиот пункт.
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа по средбата со претставниците на Србите од Косово изјави дека е донесена одлука за отстранување на барикадите. -Од утре претпладне почнува отстранувањето на барикадите, но тоа не може да се направи за два часа. Дали за 24 или за 48 часа – барикадите ќе се отстранат, но недовербата не е отстранета. Тие што мислат дека можат да си играат со животите на Србите и нивниот опстанок, тие треба да знаат дека, како што до сега не сме дозволиле сите заедно, нема да дозволиме ниту во иднина, потенцираше синоќа Вучиќ.
Ново на Сител
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб