РСБСП: Со еко-возење до поголема заштеда и помала емисија на штетни гасови
Стартување на моторот и веднаш придвижување, правилно менување на брзините, возење со константна брзина и држење растојание помеѓу возилата, правилен товар... се дел од препораките на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) до возачите за еко-возење за почиста средина и побезбеден сообраќај со што, според нив, потрошувачката на гориво може да биде намалена и до 30 проценти.
- Многумина од возачите не знаат, многумина не се доволно информирани, многумина не веруваат, но истражувањата и фактите покажуваат дека со промена на навиките на однесување во сообраќајот и со промена на техниките на управување на моторно возило може да се заштеди гориво, да се заштедат средства, да се заштити животната средина и да се направи патниот сообраќај да биде побезбеден, истакнуваат од РСБСП.
Според нив, за еколошко и еконоимично возење меѓу другото потребно е оптимално да се товари возило, да се провери притисокот на гумите, да се планира патувањето да се избегнува патување во делови од денот или делови од патот каде што има најголем сообраќаен метеж.
- Потрошувачка на енергија. Сите електрични системи во возилото се напојуваат со енергија од моторот. Оттука, колку повеќе ја користите електричната енергија во возилото, толку повеќе трошите гориво. Клима уредот црпи енергија од моторот. При високи температури, потрошувачката може да се зголеми за 25 отсто. Затоа, прилагодете го клима уредот со разлика од надворешната температура од 4 до 5 степени, посочуваат од РСБСП.
Секој возач, велат тие, секогаш треба да биде свесен за еколошката димензија кога го управува возилото, односно да практикува начини на возење кои за последица имаат намалена емисија на штетни гасови во атмосферата.
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти