РСБСП: Најмалку жртви во сообраќајни незгоди во 2018 година
Зад нас ја оставаме најбезбедната 2018 година, со најмалку жртви во сообраќајни незгоди во изминатите десет години. Ова го изјави Стојче Стаменковски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на денешниот разговор со новинари во Скопје.
- Ако во 2017 година имаме повеќе од 150 жртви во сообраќајни незгоди во Македонија, со задоволство кажувам дека 2018 година ја завршуваме со бројка што е помала за 20 отсто, односно бројот на жртви во сообраќајни незгоди нема да го надмине бројот од 130, рече Стаменковски.
Како што посочи, споредено со 2014 година има намалување на бројот на жртви за речиси половина. Во изминатата година, информираше дека се спасени повеќе од 30 човечки животи.
Стаменковски се заблагодари на сите медиуми за поддршката што ја даваат и им подели благодарници.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација