РСБСП: Бидете внимателни и одговорни возачи за време на новогодишните празници
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до возачите да бидат внимателни и одговорни и да не возат доколку конзумираат алкохол за време на новогодишните празници.
– Фактот дека е период на празници, време на веселби, прослави и забави, не Ви дава право да управувате моторно возило под дејство на алкохол. Напротив, ова е период во кој возачите треба да ја покажаат на дело својата свесност и совесност, велат од РСБСП.
Оттаму препорачуваат доколку возачите немаат некоја голема или неодложна потреба, да го остават возилото и да побараат друга форма на превоз како такси или јавен превоз.
– Ако немате некоја голема или неодложна потреба, најдобро е да го оставите возилото и да побарате друга форма на транспорт. Студеното време, ниските температури, замрзнатите и влажни коловози и маглата на патиштата, можат да ви направат проблеми. Затоа, најдобро е да користите такси или друг јавен превоз, истакнуваат од РСБСП.
Апелираат и до останатите граѓани да не дозволуваат пијан возач да вози, ниту да се возат со пијан возач бидејќи со тоа го доведуваат во опасност сопствениот живот.
Ново на Сител
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница
-
Поевтинуваат горивата ова се новите цени
-
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно
-
До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи
-
СДСМ во среда ги почнува подготовките за избор на ново раководство - закажан состанокот на Извршниот одбор