-->
-->
Розберг победи и во Сочи
-->
Возачот на Мерцедес Нико Розберг ја постигна и четвртта победа оваа сезона откако триумфираше на трката за Големата награда на Русија. Тој победи пред клупскиот колега Луис Хамилтон, кој стартуваше од осмата позиција и го искористи инцидентот од стартот на трката.
Третото место му припадна на Кими Раиконен од Ферари, додека неговиот клупски колега Себастијан Фетел имаше инцидент на самиот старт на трката кога Данил Квајт удри во неговиот болид. Фетел го заврши настапот, а Квајт доби казна од 10 секунди.
Во генералниот пласман Розберг води со 100 бодови, Хамилтон 57, а Раиконен 43.
Во генералниот пласман кај конструлторите води Мерцедес со 157 бодови, додека Ферари има 76. Следната трка се вози на 15.мај на патеката „Каталуња“ за Големата награда на Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип