Рот: Крајно време е ЕУ да ги исполни ветувањата и да ги почне преговите со Скопје и Тирана
Крајно време е Европската Унија да ги исполни ветувањата и да ги започне пристапните преговори со Македонија и Албанија, вели германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, кој денеска доаѓа во дводневна посета на Скопје.
– Иднината на Западен Балкан е европска – треба да постапуваме одлучно сега за да нема сомнеж во тоа, пишува Рот на Твитер.
Германскиот државен министер за Европа, на првиот ден од престојот во Скопје, ќе има средба со неговиот домаќин вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, посетата на Рот доаѓа во пресрет на јунскиот состанок на Советот на ЕУ за општи работи, каде што тој ја претставува Германија, па во тој контекст акцентот на разговорот со Димитров ќе биде ставен на надминувањето на предизвиците и изгледите за усвојување на преговарачката рамка за земјава со цел одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.
– Со оглед на гласниот и активен ангажман на Германија за време и по претседавањето со ЕУ, оваа посета претставува продолжение на германските напори за заеднички пробив на европскиот пат на Македонија. На состанокот ќе се дискутира и за иднината на Берлинскиот процес и самитот кој што е предвиден да се одржи во Берлин годинава, како и за други теми и прашања поврзани со европската перспектива на земјата и регионот, се наведува во соопштението на СЕП.
Германската амбасада во Скопје, пак, информира дека покрај со Димитров, Рот ќе има средби со премиерот Зоран Заев и со претставници на политичките партии и на граѓанското општество.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање