Фудбал
4. September 2015 - 12:17

Роналдо заработува и од Твитер

Ѕвездата на Реал, Кристијано Роналдо не е само најдобриот фудбалер во светот, туку и неговото комуницирање преку социјалните мрежи е едно од најценетите. 
„Рекорд“ пренесува дека Португалецот по „твит“ заработува  рекордни 230.366 евра. 
Роналдо во конкуренција на спортистите има нјголем следбеници на Твитер, 37.7 милиони. 
На второто место на најдобро платените спортисти кои се огласуваат на Твитер е американскиот НБА кошаркар Леброј Џејмс со 125.638 евра. 
Самото огласување преку Твитер не носи пари само по себе, туку се наплатува рекламирањето производи на соодветни компании.