Роналдо со критики за Тен Хаг
Кристијано Роналдо отворено го критикуваше својот поранешен тренер. Португалскиот репрезентативец гостуваше во подкастот на Рио Фердинанд и искрено кажа што мисли.
Поранешните соиграчи од Манчестер Јунајтед проговорија за моменталната ситуација во „црвените ѓаволи“.
Ситуацијата секако не е добра. „Црвените ѓаволи“ се на 14. место, со два порази и една победа.
-Манчестер мора да почне да обновува сè. Мислам дека на сите им е јасно. Ќе биде потребно време бидејќи се уште е еден од најголемите клубови во светот, но им требаат огромни промени. Тоа е единствениот начин да се вратиме на врвот како клуб и луѓето од клубот го знаат тоа. Тренерот вели дека не можат да се борат за првото место во Лигата на шампионите. Како менаџер на Манчестер, не можете да го кажете тоа. Мора да се борите, кажа Роналдо.
Општо познато е дека Кристијано Роналдо не беше миленик на Тен Хаг, а сето тоа заврши со прилично грозен раскин на договорот во 2022 година.
Тоа беше втор период на Роналдо на „Олд Трафорд“. Првиот пат беше од 2003 до 2009 година, кога постигна 145 гола на 346 натпревари.
Играше и за Спортинг, Јувентус и Реал Мадрид, додека денеска настапува за Ал-Наср.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут
-
Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец
-
Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет
-
Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
-
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
-
Манчестер јунајтед планира да изгради нов стадион