Роналдо: Не се гледам себеси како тренер, ќе правам нешто надвор од фудбалот
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Португалецот Кристијано Роналдо, проговори за плановите по завршувањето на својата играчка кариера.
Напаѓачот на Ал-Наср и португалски репрезентативец изјави дека не сака да стане тренер кога ќе ги закачи копачките.
-Во моментов не размислувам да станам тренер на ниту една екипа. Мојата иднина не ја гледам на клупата. Се гледам себеси како правам други работи надвор од фудбалот, но само Господ знае што носи иднината, изјави Кристијано Роналдо за португалските медиуми.
Договорот на 39-годишниот напаѓач со Ал-Наср трае до 2025 година. Минатата сезона за клубот од Саудиска Арабија одигра 45 натпревари во сите натпреварувања и постигна 44 гола со 13 асистенции.
Кристијано Роналдо игра за Ал-Наср од 2023 година, а претходно настапуваше за Манчестер Јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид и Спортинг Лисабон.
Ново на Сител
-
Kабинетот на претседателката ќе побара објаснување од бугарската страна за превидот со знамето
-
Арачиновци сакале да изнудат 50.000 евра од наводен должник, па си заработија кривични
-
Падна снег во Босна и Херцеговина
-
Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа
-
Меси по точно два месеца се враќа на теренот
-
УЕФА размислува да ги врати руските клубови на европските турнири
-
Се враќа воениот рок во Србија - Вучиќ потпиша согласност, Владата ќе носи одлука
-
Невреме во Романија: Заглавени лица во поплавените подрачја, има и загинати