-->
-->
Роналдо: Не бркам рекорди, тие ме наоѓаат мене
-->
Кристијано Роналдо синоќа погоди од пенал во поразот на Португалија од 2-1 на гостувањето кај Украина во рамки на евроквалификациите. За него тоа беше јубилеен 700-ти гол во кариерата.
Роналдо во кариерата постигна пет голови за Спортинг Лисабон, 118 за Манчестер јунајтед, 450 за Реал Мадрид, 32 за Јувентус и 95 за својата репрезентација.
„Не може секој да стигне до оваа бројка. Им благодарам на моите соиграчи и сите мои тренери низ кариерата што ми помогнаа да станам играчот што сум денеска. Разочаран сум што не победивме, но сум горд на овој тим. Колку рекорди имам поставено? Навистина не знам. Едноставно сакам да уживам во моментот и да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа да дојдам до оваа бројка. Минатиот пат кога играв на овој стадион „Олимписки во Киев“, ја освоив Лигата на шампиони. Игравме добро, но не победивме. Рекордите мене ми доаѓаат природно, јас не ги бркам, рекордите ме бркаат мене! Без никаква опсесија, тие се случуваат природно“, изјави Роналдо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга