Роналдињо стана косопственик на американски клуб
Легендата на Бразил и светскиот фудбал, Роналдињо стана косопственик, поточно акционер, на американскиот фудбалски клуб Гринвил Триумф. Клубот од Јужна Каролина е основан во 2018 година и се натпреварува во третата американска лига.
Роналдињо го потпиша договорот на Њујоршката берза во средата и беше претставен како акционер на Гринвил Триумф.
-Ова е можност за мене и нашата група да го поддржиме развојот на фудбалот, како и да бидеме дел од заедницата која го цени меѓународното присуство и уникатен микс на култури, рече Роналдињо во таа прилика.
Славниот 44-годишен Бразилец ги закачи копачките во 2018 година, а во својата богата кариера играше за Гремио, Пари Сен Жермен, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Керетаро и Флуминенсе.
Најголемиот клупски успех го постигна во дресот на Барселона, со која меѓу другото ја освои Лигата на шампионите во 2006 година.
Тој беше светски шампион со Бразил во 2002 година. Жолтиот дрес ја носеше 97 пати и постигна 33 гола.
Ново на Сител
-
Фондот за здравство работи на формирање тимови за рехабилитација на повредените во Кочани
-
Бугарското Собрание усвои резолуција во врска со напредокот на земјава во ЕУ
-
140 луѓе во тетовската болница не зеле плата 2 месеца
-
Град во источна Германија нуди 14 дена бесплатен престој и можности за работа
-
Поплави во Романија се закануваат да го загрозат еден од најголемите европски рудници за сол
-
Црна Гора: Потврден случај на лептоспироза во Бијело Поље
-
Приведен 45-годишник, ја вознемирувал и навредувал поранешната партнерка
-
Истрагата за трагедијата во „Пулс“ заврши, испрашани 400 сведоци, 46 се осомничени