Фудбал
22. March 2020 - 12:17

Роналдињо го прослави роденденот со скара во затвор

Еден од најдобрите играчи на 21 век – Роналдињо го слави својот 40-ти роденден со скара во затворот во Парагвај, пренесе „Оле“.

Легендарниот напаѓач и неговиот брат Роберто де Азис Мореира се приведени во притвор во Асунсион, откако влегоа во земјата со лажни лични карти.

Пред неколку дена, Роналдињо учествуваше на затворскиот фудбалски турнир, а неговиот тим победи и доби награда од прасе од 16 килограми.