Рон ДеСантис се повлече од претседателската трка во САД и го поддржа Трамп
Гувернерот на Флорида Рон ДеСантис синоќа соопшти дека се повлекува од претседателската трка и ја даде својата подdршка на кандидатурата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Одлуката на ДеСантис доаѓа во предвечерјето на внатрепртиските избори во Њу Хемпшир закажани за во вторник, на кои единствен ривал на Трамп останува Ники Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина.
-Денеска ја суспендирам мојата кампања. Трамп е супериорен спрема сегашниот претседател Џо Бајден. Тоа е јасно.
Потпишав заклетва за поддршка на републиканскиот номиниран кандидат и ќе го спроведам тоа ветување, кажа ДеСантис во видео изјава.
Тој рече дека е јасно дека мнозинство од примарните републикански гласачи сакаат да му дадат втора шанса на Трамп.
Во видеото, тој ја искритикува Хејли за обидот да ја врати Републиканската партија во „затоплен корпоративизам“ и дека затоа дава поддршка на Трамп.
Кампањата на ДеСантис уште на почетокот се судри со многу пропусти, како објавата за влез во трката дадена на социјалната мрежа Х заедно со Илон Маск, што беше проследена со получасовен прекин поради технички пречки.
ДеСантис се претставуваше како успешен конзервативен гувернер на Флорида и републикански пулен кој може да ја симне круната од Трамп, и само завчера му испрати отровни стрели со зборовите дека ако изгуби на изборите тој „сигурно ќе се жали дека тие биле фалсификувани“.
На изборите во Ајова ДеСантис заостана 30 отсто зад гласовите на Трамп кој собра 51 отсто. На трето место беше Хејли.
На одделни митинзи синоќа во Манчестер, Њу Хемпшир кога се дозна за неговото повлекување, Хејли му посака сѐ најдобро, а Трамп нетактично му порача на ДеСантис „да почива во мир“.
Ново на Сител
-
Му кажале дека има биткоини но дека треба да има 200.000 ден. на сметка за да ги подигне, 45 годишен маж измамен во Куманово
-
Повторен конкурс за сместување во студентски домови каде што има слободни места
-
Син ми беше зависник ама се излекува пред да се ожени, сведочеше дедото на Вања
-
Пленковиќ по апсењето на Берош: Ова е чин на предавство
-
ДУИ бара предвремени избори
-
Прекината блокадата на кочанската депонија
-
Саат на Џон Ленон вратен кај Јоко Оно по судски спор
-
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги