Романскиот министер за здравство поднесе оставка
Романскиот министер за здравство Виктор Костаке поднесе оставка во екот на епидемијата на новиот коронавирус, од кој досега во Романија починаа 17 лица, објави новинската агенција Аџерпрес.
За поднесената оставка соопшти денеска романскиот премиер Лудовик Орбан, кој потврди дека таквата одлука е донесена од „лични и професионални причини“.
Орбан ќе го предложи за нов министер за здравство досегашниот државен секретар во ресорното Министерство, Нелу Татару.
Романскиот премиер изрази жалење поради оставката, додавајќи дека има разбирање и му заблагодари на Костаке за добрата соработка во изминатите пет месеци додека бил на таа функција.
Костаке вчера истакна дека подготвил протокол за иновативна програма, преку која ќе бидат тестирани за коронавирус сите жители на Букурешт преку мобилни екипи по методот од врата на врата. неговата иницијатива предизвика многубројни критики.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции