Македонија
4. November 2016 - 10:17

Романот „Лифтот (не) е за двајца“ од Христо Петрески објавен во Хрватска

Издавачката куќа „Меандар“ од Загреб го објави романот „Лифтот (не) е за двајца“ од Христо Петрески. Преводот на романот е на проф.д-р Борислав Павловски, кој живее и работи како универзитетски професор во Загреб.

„Лифтот (не) е за двајца“ е прв роман за возрасни на Петрески, за кој авторот го доби и „Рациновото признание“ за најдобар роман од македонски автор во тековната година. Овој роман во целост претходно беше публикуван и како посебен дел во списанието „Могуќности“ од Сплит.

Неодамна овој роман беше објавен и на српски јазик во издание на „Нишкиот културен центар“ од Ниш.