Балкан
20. December 2017 - 17:15

Романија: Околу 100 државни компании ќе имаат зајакната владина контрола

Романскиот Парламент наложи речиси 100 државни претпријатија да бидат ставени под владина контрола преку директно назначување на раководства, јави ДПА.

Според новата регулатива, усвоена од владејачката левоцентристичка коалиција, извршните директори на 94 компании ќе можат да бидат назначени без конкурс, односно без селекција од неколкумина кандидати.

Предлагачите на актот,  ја нагласуваат „бавната“ процедура при назначување професионален менаџмент на државните претпријатија.

Критичарите стравуваат дека на тој начин на раководните позиции ќе бидат назначени партиски кадри, наместо независни експерти.