Романија ги направи јавни сите државни финансии, за да ја запре корупцијата
Романците веќе имаат целосен пристап до податоците за приходите и расходите на државните институции во рамки на иницијативата, која може да помогне во борбата против корупцијата, изјави денеска романскиот премиер Дачиан Чолош, пренесе БТА.
Романија се смета за една од најкорупмираните членки на ЕУ и Брисел го држи нејзиниот судски систем под специјално набљудување, заедно со тој на Бугарија.
Oд денеска преку програма на Министерството за финансии, стануваат достапни податоците за месечното исполнување на буџетот на околу 17.720 државни институции, меѓу кои Парламентот, министерствата, училиштата и болниците.
- Секој граѓанин, компанија и данчен обврзник, може да види сега како се распределени државните средства и како се трошат од локалната, окружната и централната администрација, изјави Чолош.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста