Роковник на ДИК: МИОА и МНР да достават податоци за вработените
Министерството за информатичко општество и администрација, според Роковникот за изборни дејствија во пресрет на предвремените парламентарни избори на 5 јуни, од денеска треба да достават податоци за државната и општинската администрација, како и за јавната администрација до ДИК. Рокот за доставување на податоците е пет дена.
Исто така и Министерството за надворешни работи во рок од пет дена треба да достави податоци за дипломатите, вработените во соодветните Дипломатско-конзуларни претставништа, односно конзуларните канцеларии.
Државната изборна комисија завчера го усвои Роковникот за изборните дејствија во пресрет на предвремените парламентарни избори на 5 јуни.
Според Роковникот, Избирачкиот список јавно ќе биде објавен на 25 април, а во рок од 15 дена граѓаните ќе можат да проверат дали се на списокот. До 9 мај трае пријавувањето за гласање на македонските државјани кои живеат во странство односно за гласање во 7-та изборна единица. Избирачкиот список треба да биде заклучен на 19 мај.
Од Избирачкиот список, според досегашните информации, ќе бидат избришани 1.135 починати лица.
Партиите, пак, кандидатските листи ќе треба да ги заклучат на 11 мај. Изборната кампања почнува од 16 мај.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите