Рокот за поднесување ценовници за медиумско претставување ќе продолжи до 7 август
Државната изборна комисија-ДИК информира дека во понеделник ќе изврши измена на роковникот со кое рокот за поднесување на ценовниците за медиумско претставување поврзано со референдумот ќе се продолжи до 7 август 2018.
ДИК во соопштение појаснува дека само овластениот предлагач, во случајов Собранието на Република Македонија, има привилегиран пристап до услугите кои ги обезбедуват радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), предвидени со Изборниот законик.
Сите останати субјекти, наведува ДИК, можат да имаат свое медиумско претставување поврзано со Референдумот 2018, но пристапот до услугите на медиумите е под пазарни услови, согласно правилата и политиките за платено рекламирање на секој медиум.
- Овластениот предлагач има приоритет на користење на медиумските термини. Останатите субјекти можат да се рекламираат на медиумот, но под пазарни услови. Неискористените термини, медиумот може да ги продаде на други субјекти, под услови договорени со субјектот кој го купил терминот. Ценовниците и условите за медиумско претставување, кои медиумите ги доставуваат до Државната изборна комисија, се однесуваат само на „привилегираниот пристап“ на овластениот предлагач. Сите останати субјекти го договараат своето медиумско претставување со соодветниот медиум, под пазарни услови, информира ДИК.
Овластениот предлагач, услугите кои ги користел за јавната пропаганда ги плаќа од сопствени средства, според ценовниците определени од медиумите и доставени до ДИК. Останатите субјекти, искориститените услуги за сопствено медиумско претставување ги плаќаат од сопствени средства.
- Обезбедувањето дополнителни минути за емитување комерцијални пропагандни пораки е прашање кое медиумите (самостојно или преку нивните здруженија) треба да го договорат со Агенцијата за медиуми, која е надлежно регулаторно тело за овие прашања. Државната изборна комисија е спремна да помогне доколку цените дека ваква помош е потребна, додава ДИК во соопштението за медиумското претставување за претстојниот референдум.
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот