Рокот за користење на финансиската поддршка од 6.000 денари продолжен до 31 март
До 31 март е продолжен рокот за користење на финансиската поддршка од 6.000 денари за граѓаните. Одлуката е донесена денеска на 38-та владина седница.
– Со ова продолжување на рокот за финансиска поддршка од 6.000 денари, околу 22.000 граѓани на кои им следува оваа финансиска поддршка, а кои не ги ажурираа своите податоци во банките, како и 2.132 граѓани на кои им се уважија приговорите, ќе можат да ја искористат оваа финансиска поддршка како една од КОВИД-19 мерките за ублажување на последиците од пандемијата, се вели во соопштението од Владата.
Финансиска поддршка од 6.000 денари добија граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.
На владината седница усвоена е и Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2021 година во вкупен износ од 20.000.000,00 денари.
Средствата ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, преку грантови во износ од 600.000 до 900.000 денари. Проекти на кои треба да бидат фокусирани се едно општество за сите, забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард, справување со светската пандемија, заштита на животната средина, намалување на аерозагадувањето, владеење на правото, независност на правосудството, неселективна борба против криминалот и корупцијата, квалитетно образование, модерна и ефикасна јавна администрација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица