Ројтерс: ЕУ ќе започне преговори со Македонија и Албанија неделава
Агенцијата Ројтерс повикувајќи се на свои извори пишува дека во последниот нацрт заклучок се носи едногласна одлука за почеток на преговорите за членство со Скопје и Тирана, јавува дописничката на МИА од Брисел.
– ЕУ ќе започне пристапни преговори со Албанија и Македонија, според нацрт едногласна одлука на 27-те земји членки и треба да биде финализирана оваа недела, пишува Ројтерс.
Како што јави МИА минатата недела, последниот состанок на амбасадорско ниво донело позитивни резултати, но остануваше еден нерешен спор помеѓу Грција и Албанија.
Дипломатите во Брисел се оптимисти дека овој спор може да се надмине и дека во текот на оваа недела ќе може да се донесе позитивна одлука, иако никој не сака да брза со заклучоци сѐ додека не е официјализирана одлуката.
Остануваат и процедурални непознати како форматот на состанокот на министрите за надворешни работи утре во Брисел и процесот на одобрување на одлуката, без физичко присуство на министрите, доколку, се разбира таа одлука биде позитивна.
Ново на Сител
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз
-
Климатските промени го уништуваат езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Светска банка: Со ваков раст на БДП стандардот на европските граѓани ќе го стигнете за 60 години
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер