-->
-->
Рој стршлени убија 58 годишен маж во Хрватска
-->
58 годишен маж почина од убоди од стршлени во Горња Воќа, кај Вараждин во Хрватска.
Полицијата соопшти дека тој во саботата му помагал на соседот во земјоделските работи на семејниот имот, а кога преместувале бала сено, и двајцата биле нападнати од рој стршлени.
Се засолниле во семејната куќа, но еден од нив починал од убодните рани.
Брзата помош од Вараждин која дошла на местото на настанот неуспешно се обидела да го реанимира.
Заменик окружниот државен обвинител нареди обдукција на починатиот, објави хрватскиот портал Индекс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Орбан: Украина ги засилува нападите врз Унгарија поради противењето на нејзиното членство во ЕУ
-
Уапсени три криминалци од Куманово барани со потерници за затворски казни
-
Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Во среда се гласа извештајот за Македонија
-
Муцунски во Хаг
-
Муртезани во Париз
-
Расте електронското плаќање
-
Водовод: Секој скопјанец дневно троши по 664 литри вода