Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри, освоил 41 глас повеќе од второпласираниот играч на Реал Мадрид, Винисиус, при доделувањето на Златната топка, објави денеска италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Гала церемонијата на доделување на Златната топка на најдобриот играч во претходната сезона се одржа на 28 октомври во Париз, а точниот број на освоени гласови поединечно не беше веднаш достапен.
Минатата сезона Родри со Манчестер Сити ги освои Премиер лигата, ФА Купот, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство, а со шпанската репрезентација и Европското првенство во Германија, каде беше прогласен за најдобар играч на турнирот.
Винисиус Јуниор минатата сезона со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, Ла Лига и шпанскиот Суперкуп.
Реал Мадрид, кој ја бојкотираше церемонијата, беше избран за најуспешен клуб во минатата сезона, а неговиот тренер Карло Анчелоти за најдобар тренер.
Ново на Сител
-
Рама: Албанија очекува да ги заврши преговорите за членство во ЕУ во 2027 година
-
Последни денови за пријавување за намалување на сметките за струја за ранливи потрошувачи
-
Си: Нема победници во трговската војна
-
Пронајдени рачни бомби во село Боговиње
-
Почна судењето за претседателот на Јужна Кореја Јун Сук-Јеол, обвинет за велепредавство
-
Продолжува судењето за случајот со родилката на која при пораѓај и беа извадени матка, јајник и бубрег
-
Без вода дел од улица „Ленинова“
-
Со истрагата за пожарот во Кочани опфатени 45 лица