Џет-Сет
7. March 2017 - 0:00

Родителите на Дакота Џонсон нема да ја гледаат франшизата „50 нијанси“

Глумицата Дакота Џонсон (27), ѕвезда на еротска трилогија „50 нијанси“, изјави дека нејзината мајка Мелани Грифит (59) и нејзиниот татко Дон Џонсон (67) ниту гледале, ниту ќе гледаат филмови од овој серијал.

- Мораа да ми ветат дека нема да ги гледаат филмовите. Тешко им е, но ја почитуваат мојата одлука, изјави актерката.

Неодамна таа изјави дека светот на садо-мазо сексот е прекрасен. дакота вели дека пред снимањето на филмот, немала такво искуство, но откако пробала, сфатила дека постојат валкани, но и многу елегантни, забавни секс играчки.