РКЕ пред почетокот на грејната сезона ќе ја носи одлуката за цената на парното греење
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пред стартот на грејната сезона ќе ја носи одлуката за цената по која скопјани ќе ја плаќаат топлинската енергија.
-Поднесените барања за цената се исклучително комплексни затоа што станува збор за година во која имавме миграција на лиценци и прогласена криза состојба. Дополнително цената на гасот драстично варира и предвидливост би била попрецизна кога одлуката би се донела пред грејната сезона, велат од РКЕ за МИА.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги одзеде лиценците на трговците на големо: ПЕРТИНАКС ДООЕЛ Скопје во делот на вршење на енергетската дејност трговија на големо со
Нагласуваат дека е неопходно субвенциите да продолжат за да нема ценовен шок за потрошувачите.
-Енергетскиот сектор по Ковид кризата и по енергетската криза треба да влезе во фаза на стабилизација. Неизвесноста се уште е присутна, но се следи состојбата, порачуваат од РКЕ.
Вообичаено РКЕ одлуката за цената на парното греење во Скопје ја носи до 1 август во тековната година.
Ново на Сител
-
Кулакови организираа протест по пресудата за смртта на Фросина
-
Тема на денот со Јасна Бачовска Недиќ, професорка на Правниот факултет
-
Врховен ја укина казната од 3 год. и 10 месеци затвор за Васил, апелација не го викнал на судењето
-
Имаат ли соодветен рехабилитациски третман сите повредени од трагедијата во Кочани?
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон